За да можат целосно да им се посветат на своите клиенти и континуирано да го нудат својот максимум, нашите агенции имаат потреба од робустни и безбедни ИТ системи. Истовремено, нашите агенции не сакаат да го трошат своето скапоцено време обидувајќи се сами да ги решат своите ИТ проблеми.
За таа цел го користат ИТ тимот на Драм Хорс.
ИТ тимот на Драм Хорс ги анализира постоечките ИТ процеси и системи на секоја агенција и предлага соодветни подобрувања на истите каде што има застарени или неодржани решенија.


Што нудиме?
- 1ва, 2ра и 3та линија на поддршка
- Инсталација на оперативни системи
- Преземање на контрола врз персонални компјутери од далечина (remote access)
- Помош при бекап на податоци
- Надградба на компјутерски системи
- Помош и едукација при кибернетичка безбедност
- Оптимизација и усогласување на лиценци
- Менаџирање на cloud сервиси
- Менаџирање и мониторинг на персонални компјутери и сервери
