Како и на секој бизнис, така и на нашите агенции, една од главните бизнис цели им е остварувањето на профит. Профитот може да го пресметаат само доколку навремено ги наплатат своите побарувања и ги исплатат своите задолжувања. Што значи дека финансиското работење е незаменлив дел од целокупното постоење на бизнисот. Свесни дека финанското работење е област која што бара огромна посветеност и внимание , нашите агенции ни го доверуваат менаџирањето на сметките на нас, за тие да можат целосно да се посветат на услужување на нивните клиенти.

Што нудиме?

  • Фактурирање на клиенти
  • Наплата на долгови
  • Менаџирање на доспеани обврски
  • Менаџирање и комуникација со соработници и/или добавувачи
  • Распределба на трошоци
  • Водење на сметководствени книги
  • Водење на банкарски сметки и банкарство
  • Менаџмент на одливи и приливи и паричен проток
  • Платен список
  • Пресметки на данок и оданочување
  • Поднесување сметки, даночни плаќања и ревизија