Како и на секој бизнис, така и на нашите агенции, една од главните бизнис цели им е остварувањето на профит. Профитот може да го пресметаат само доколку навремено ги наплатат своите побарувања и ги исплатат своите задолжувања. Што значи дека финансиското работење е незаменлив дел од целокупното постоење на бизнисот. Свесни дека финанското работење е област која што бара огромна посветеност и внимание , нашите агенции ни го доверуваат менаџирањето на сметките на нас, за тие да можат целосно да се посветат на услужување на нивните клиенти.



Што нудиме?
- Фактурирање на клиенти
- Наплата на долгови
- Менаџирање на доспеани обврски
- Менаџирање и комуникација со соработници и/или добавувачи
- Распределба на трошоци
- Водење на сметководствени книги
- Водење на банкарски сметки и банкарство
- Менаџмент на одливи и приливи и паричен проток
- Платен список
- Пресметки на данок и оданочување
- Поднесување сметки, даночни плаќања и ревизија
