Велика Британија е добро позната по нејзината репутација во креативност. Следствено во срцето на нивната нација ќе најдете околу 40,000 независни маркетинг и комуникациски агенции. Ниедна од нив не започнува бизнис со помислата да водат сметководствени книги или да ги менаџираат ИТ проблемите на нивниот тим. Но, сите тие, на некој начин, мораат да се грижат за овие сектори доколку сакаат да просперираат.

Како дел од Selbey Anderson Групацијата која започна да се здобива со се поголем број на агенции, се појави потребата за олеснување на позадинското работење. Така Драм Хорс започна да ги превзема административните задачи, овозможувајќи им на агенциите да се фокусираат на подобрување на нивната креативност, услужување на постоечките и придобивање на нови клиенти.

Зошто агенциите го одбираат Драм Хорс?

  • Превземањето на позадинските работи, значи дека вработените на агенциите добиваат многу помал број на административни задачи, што значи дека им се подостапни на нивните клиенти при исполнување на нивните барања.
  • Креативците го работат она што го сакаат и не се обврзани да завршуваат задачи кои не се дел од нивната стручност
  • Драм Хорс е SAAS базиран и сосема флексибилен
  • Драм Хорс има компетитивни цени
  • Тимот на Драм Хорс е составен од професионалци во својата област, секогаш спремни да помогнат при решавање на дилеми и проблеми